Македонија

Што се случи со СДСМ?

Што се случи со СДСМ?

Ниту градоначалникот на Центар Андреј Жерновски не верува во снимките кои лично тој презентира на прес-конференција. Тој во изјава за Фокус вели дека не верува дека Црвенковски сакал да го жртвува за општина Карпош и Стевчо Јакимовски на локалните избори во 2013 година.

– Да не беа Црвенковски и СДСМ, немаше да победам во Центар, вели Жерновски во изјава за Фокус.

Оваа реакција на Жерновски доаѓа откако вчера беше објавен целиот 36-минутен телефонски разговор на првиот човек на УБК Сашо Мијалков со уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас.

Како што му вели Мијалков на Латас, екс лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски барал од него СДСМ да гласаат против Жерновски во замена ВМРО ДПМНЕ да гласа против Стевчо Јакимовски.

Претходно, за овој разговор се огласи и уредникот на Плусинфо, Бранко Геровски кој важи за еден од најгласните мегафони на опозицијата.

„Тврдам дека е грешка, веројатно, не намерно, одлуката да се објави целиот 36-минутен разговор меѓу Сашо Мијалков и Драган Павловиќ-Латас“ – напиша Бранко Героски во својата најнова колумна.

Според него тоа било грешка, и оваа грешка понатаму на СДСМ не смее да му се повтори бидејќи наводно во делот каде што се споменува Бранко Героски е личен и приватен, а не е од јавен интерес, односно не е делот во кој што Владата се обвинува за наводно местење на избори.

Со брзина на светлината од СДСМ за „Фокус“ изјавиле дека „било грешка што нивните не го исекле разговорот“.

„Ние на прес-конференциите ги објавуваме најбитните делови од разговорите, а потоа на интернет ги ставаме цели за да не испадне дека сме ги монтирале. Но, конкретниот разговор имаше дел што треба да се објави, бидејќи се однесува на изборни нeрегуларности, но и дел што не беше во план да оди, како оној за Црвенковски, како и за приватни работи на други луѓе. Грешка е што нашите не го исекле“, изјави за Фокус сдмсовскиот портпарол Петре Шилегов.