Магазин

Што се случува со телото кога пред спиење користиме мобилен

Што се случува со телото кога пред спиење користиме мобилен

Професорот по психологија од UCLA School of medicine, Дан Сигел, проучува како користењето на мобилен телефон непосредно пред спиење влијае на нашиот мозок и тело.

– Луѓето своите очи ги изложуваат на сноп фотони од екранот, а тие на нашиот мозок му велат „остани буден, не е уште време за спиење“, изјави др. Сигел.

Поради тоа ние одиме да спиеме се подоцна, а ако не спиеме меѓу 7 и 9 часа секоја вечер, одговорните клетки нема да можат да  ги исчистат сите токсини и невроните не  можат да се одморат. Околу пет отсто од луѓето во светот се генетски поинакви, па ним им доволно и помалку сон, но за 95 отсто од луѓето потребно  е 7-9 часа сон.

Промалку сон влијае на нашето помнење, нивото на стрес, решавање на проблеми, дури се нарушува и нивото на хормонот инсулин кој го регулира метаболизмот, па полесно се дебелее.

Доктор Сигел препорачува барем еден час време пред спиење да се повлечеме од сите екрани кои негативно можат да влијаат на нашиот мозок.