Што сексуалните сништа зборуваат за вас

Сексуалните соништа можат да бидат пријатни, но понекогаш се вистинска спротивност. Некогаш ќе се разбудиме и ни е срам од сопствените соништа. Сепак она што означува нема никаква врска со сексуалноста.

Секс на невообичаено место
Ако со партнерот барате соодветно место за секс, тоа може да значи дека ви недостасува интимност во вашата врска. Исто така може да симболизира дека со вашиот сексуален живот завладеала монотонија.Ако притоа се чувствувате лошо, можно е да сте несигурни во идниот однос.

Секс со поранешен/а
Ваквите сништа се нормални и може да бидат резултат на споредување меѓу поранешниот и сегашниот партнер.Ако сте сами, тогаш постои можност таквите соништа да се резултат на нерешени однсои со поранешниот/поранешната.

Секс со странец
Ваквиот сон вообичаено означува здодевност или желба за нова возбуда во животот. Може да биде начин на кој мозокот ви сигнализира да се опуштите, да преземете ризик и да бидете спонтани.

Секс на јавно место
Може да означува две работи, барате одобрување за вашиот избор на партнер од семејството и пријателите. Или пак се воодушевувате на некоја карактеристика на партнерот и сами сакате да има повеќе такви.

Секс во тројка
Вообичаено е симболика за желба за поголема поддршка во животот, но и нарушена самодоверба. Ако во сонот доминира жената тогаш можно е да ви недостасува нешто на емотивно поле.

Хомосексуални сништа
Ако сте хетеросексуалец не е ништо невообичаено да сте интимни со човек од ист пол. Вообичаено се открива потсвесната желба, ако сте жена потреба од повеќе нежност, а ако сте маж потреба за повеќе акција и одлучност.

Неверство
Аналитичарите на соништата објаснуваа дека означува страв од емотивно напуштање.

Не го гледате лицето на партнерот
Често ја означува потребата да ги откриете своите потенцијали или сокриени таленти.

Секс со „забрането овошје“
Едно од објаснувањата е дека ве интригира оној кој сте го сонувале како партнер, додека друго објаснување вели дека сте западнале во рутина.