Што треба да направите ако патувате во земја каде има заболени од МЕРС?

Лицата кои патуваат во земји на меѓународно патување, пожелно е пред патувањето да се обратат во Центарот за јавно здравје и да се информираат за заразните болести кои се присутни во државата во која зминуваат како и за мерките како да се заштитат. Д-р Јованка Костовска од Министерството за Здравство во интервју за Здравство 24 посочува што треба да се направи пред да отпатувате во некоја од земјите каде има заболени од МЕРС.

Таа посочува дека оваа болест веке се прошири на Европскиот регион . Од 2012 до сега појавени се случаи на МЕРС во Англија, Франција, Германија, Италија, Грција, Холандија, Австрија и Турција.

– Сите случаи беа импортирани од блискиот исток , но во неколку од Европските држави имаше и појава на 3 до 4 нови случаи на заболени како резултат на контакт со заболениот како и смртни случаи, посочува Костовска и додава дека во овој момент  најважно е сите држави во Европскиот регион да бидат будни, да ги следат препораките на СЗО и да бидат подготвени да спречат ширење на болеста  доколку се појави случај на заболен од МЕРС.

На прашањето дали има ли простор за паника дека и во Македонија може да дојде некој заболен со МЕРС и може ли истиот да биде откриен со термалните камери на аеродромите, Костовска ќе рече:

– Потенцијална опасност секогаш постои посебно во време кога меѓународните патувања станаа секојдневие и се почести се патувањата на нашите граѓани во земјите од блискиот исток и Африка. Скрининг со термална камера на аеродромите не се препорачува посебно од фактот што патникот може да влезе во државата во фаза на инкубација , без температура и симптоми, а клиничата слика да се развие подоцна.  Заболувањето може да се јави во период од 14 дена од изложувањето на МЕРС  корона вирусот.

Инаку, таа понатаму информира за симптомите на заболувањето. Заболените од МЕРС ќе почувствуваат  треска, кашлица, глад за воздух и тешкотии при дишењето,  пневмонија, а кај дел од заболените можни се гастроинтестинални симптоми со дијареа, или бубрежни нарушувања.

Се смета дека постојат повеќе начини на пренесеување и тоа преку директен непосреден близок контакт со заболено лице (преку кашлање, кивање или директен физички контакт), при директен контакт со заболени животни посебно камили, со конзумирање на недоволно термички обработено млеко и месо и преку загадена животна средина со исфрлени секрети од инфицирано лице.

Костовска нагласува дека лицата кои патуваат во земји  на меѓународно патување, пожелно е  пред патувањето  да се обратат во Центарот за јавно здравје и да се информираат за заразните  болести кои се присутни во државата во која зминуваат како и за мерките  како да се заштитат.

–  Доколку патуваат во земји каде има случаи со МЕРС потребно е да ги превземат следните мерки:

Да одбегнуваат  контакт со заболено лице како во домашни услови така и во болница.

Да одбегнуваат контакт со животни (посета на фарми и сл.)посебно камили.

Редовнo да мијат  раце со сапун и вода, а  при недостаток на вода задолжителна употреба на дезинфициенс.

Да консумираат добро термички обработена храна и добро измиено овошје и зеленчук.

При враќање во државата,  доколку во рок од 14 дена добијат симптоми на МЕРС (треска , кашлица, тешко дишење или пролив) веднаш да се јавата на лекар и да информираат дека патувале во земја од блискиот исток.

Извор: Здравство 24

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.