Магазин

Што треба прво да направите кога ќе станете од спиење

Што треба прво да направите кога ќе станете од спиење

Иако првото нешто што го правите кога ќе станете од кревет веројатно е одење во тоалет, научниците сметаат дека за да ви биде денот посреќен прво треба да ја наместите постелата.

Неколку различни студии открија дека луѓето кои си го уредуваат креветот наутро се посреќни и попродуктивни од оние кои не го прават тоа. За таквите луѓе се смета и дека поголема е веројатноста да вежбаат редовно, да спијат повеќе и да се чувствуваат поисполнети на работното место.

Покрај тоа, со местење на постелата секое утро, уште од почетокот на денот сте ја постигнале својата прва цел.

– Тоа ќе ви даде малo чувство на гордост и ќе ве поттикне да сработите уште една задача, а потоа друга и така натаму – пишува „Female Network“.