Што заплени царината изминатата недела?

Во текот на минатата недела и првомајските празници, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани облека, модни додатоци,  автоделови, опрема за тетовирање и фалсификати. Oткриена е и една царинска измама, aзадржана е следната стока:

Облека и модни додатоци

– 68 свечени фустани, се откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на британски државјанин со потекло од Косово, кој допатувал од Лондон.

– 25 пара работни панталони се откриени при контрола на стока испратена од фирма од Холандија, наменета за фирма примач од Скопје, пријавена за привремен увоз на царинската испостава Штип. Увозникот пријавил за привремен увоз 90 пара работни пантолони од синтетика, но при контрола на стоката биле пронајдени уште 25 пара што не биле опфатени со царинските документи.

– 340 приврзоци за синџирчиња-крстови се откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавената стока е пронајдена во три патни торби, сместени во багажниот простор на возилото.

Автоделови

– 114 автоделови (водни пумпи, ламели, запчаници, дихтонзи, лагери, пумпи за нафта, греачи, црева и др.) се откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од австриски државјанин со привремен престој во Република Македонија, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Автоделовите се пронајдени во просторот за резервна гума, просторот за прва помош, во наслонот меѓу седиштата, во страничните фабрички шуплини  и зад совозачкото седиште.

Опрема за тетовирање

– 2 апарати за тетовирање INKSTAR Lancer 1.0, 10 машинки за тетовирање и 306 делови од прибор за тетовирање, се откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патнички куфер на македонска државјанка која допатувала со лет од Истанбул.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

– 3.944 играчки (колички, инструменти, кукли и др.) со лого на заштитени трговски марки се откриени на царинската испостава Скопје 3, при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за фирма увозник од Скопје.

Измама

На царинска испостава Скопје 1, откриен е обид за избегнување плаќање на увозни давачки со погрешно тарифирање на стока. Фирма-увозник од Скопје пријавила за увозно царинењеуред за непрекинато напојување, деклариран во тарифна ознака со стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 18%, но при физички преглед на стоката било утврдено дека уредот треба да се распореди во друга тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 15% и стапка за ДДВ од 18%. Врз основа на новоутврдената тарифна ознака пресметани се дополнителни увозни давачки во износ од околу 373 илјади денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.