Што значат неговите сексуални фантазии?

Веројатно некои ќе се изненадат од податокот дека една третина од мажите копнеат за секс во највисоката политичка интитуција, но кога би сфатиле дека тоа само ја симболизира желбата за моќ и скандали, многу полесно ќе можете да разберете. Следуваат примери за најчести сексуални фан тазии и објаснувања од секслозите и психолозите што тие всушност значат.

Секс во јавност

Тој е зависник од адреналин и често трага по возбуда, но ужива и во покажување.

„Без оглед на тоа дали е горд на сопственото или вашето тело, овој тип ужива во идејата некоја да го гледа“, објаснува психологот Глорија Брејм. Удоволете му на тој начин што во преполн ресторан ќе го допирате под маса и тивко ќе му шепнете дека келнерката сигурно знае што вие во моментов му правите.

par-u-gradu-1412193942-49150

Сака да ве врзува

Овој тип копнее по контрола, но потполно безопасна.

„Сака моќ и да ви овозможи ноќ во која целосно ќе ве задоволи, а вие само ќе уживате“, вели Брејм. Ако ви е премногу чудна идејата да ве врзува со лисици или нешто друго, дозволете му за време на сексот да ги држи вашите раце над вашата глава.

Секс во тројка, со две жени

Што значи кога маж копнее за секс со две жени? Не значи дека е алчен.

„Тој е сензуална личност, сака жени и сака да му ласкате“, додава Брејм. Се ежите вие од оваа идеја? Најдобро решени во оваа ситуација е за време на сексот да пуштите порно филм.

prevara-1384712438-20076

Професорка и ученик

Не, не е секогаш заљубен во професорката од средно училиште.

„Оваа фантазија го враќа во напалените тинејџерски години кога сексот сеуште бил табу тема“, објаснува психологот.

Ова исто така ве става во надмоќна позиција, што е за многу мажи возбудливо.

„Тоа му го намалува стресот и му овозможува да се опушти и ужива“

Секс со непознат

Копнее за страст и нешто ново без обврски за сериозна врска.

„Поради слободата е ослободен од тешкотиите кои би ги имал обидувајќи се да ја задоволи својата постојана девојка“, смета Глорија. Дозволете му да глумите странци во кафуле.

par-u-krevetu-1412089023-48962

Луда поза од порно филм

Ако партнерот одеднаш посака да реализирате некој луда фантазија која ја видел на порно филм немојте тоа да го сфатите пресериозно.

„Порно филмовите понекогаш можат да бидат начин на кој се добиваат идеи и ги наведуваат да се отворат за тоа што сакаат и што не сакаат да испробуваат во кревет“, објаснува сексологот Ерика Плухар.

Гледајте на тоа како на отскочна даска за испробување на нови работи, но не очекувајте некои посебни резултати.

„Тоа пред паровите може да постави потполно нереални очекувања“, додава Ерика.

seks-1386419867-21576

Во кревет со славна личност

Не е чудно тоа што има некоја позната личност која му е посебно привлечна, но што тоа значи? Дали тој копнее за секс со неа? Апсолутно не.

„Познатите личности се привлечни, недостиѓни, а нивните слики не опкружуваат сите на сите страни- сите логични причини зошто на нив се гледа со сексуален контекст“, вели Плухар.

Уште едно објаснување- тоа е безопасен занес. Сигурно и вие имате некој кој би го гледале дури и во лош фил се до крај, зарем не?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.