Што значи поимот европски вредности?

Опсегот и значењето на поимот Европски вредности во Македонските печатени медиуми е насловот на проектот на Центарот за култура и културолошки студии поддржан преку УСИАД. Целта пред се била да се испита што македонските печатени медиуми подразбираат под поимот европски вредности.Во пет годишното истражување се покажало дека во 1/3 од случаите тој е беззначење додека во 1/3 се поврзува со нерешената ситуација сопрашањето за името. Преку испитувањето на 6 те печатени медиуми се дошло и до податокот за зголеме евроскептицизам.

Прашањето за сексуалната ориентација, за одвоеноста на религијата од црквата и слично вели проф.д-р Лорета Георгиевска Јаковлевска претседател на ЦККС.

Таа истакна дека резултатите од анализата на поимот европски вредности покажаа дека има потреба од актуелизација на европските вредности во јавноста. Се поставува и прашањето каква е состојбата генерално во медиумите.

Георгиевска Јаковлевска вели дека пред се треба да се има во превид правото на слобода на говор потпишана во лисабонската декларација.

Од Центарот велат дека тоа треба да биде предмет на истражување во некој нареден и нов проект, напоменувајќи дека медиумите треба да се во служба на граѓаните, а не на политиката.