Штох скокна до златото

Полскиот ски-скокач Камил Штох е новиот олимписки шампион, откако два пати скокна преку сто метри – 105,5 и 103,5 метри.

Полскиот скокач освои вкупно 278 бодови доволни за златниот медал.

Вечерва првиот медал на Олимпијадата во Сочи на Словенија и го донесе Петер Превц кој заврши на втората позиција со 13 бодови помалку во однос на победникот.

Норвежанецот Андрес Бардал го освои бронзениот медал со вкупно освоени 264,1 бод.

Актуелниот шампион во Светскиот куп Грегор Шлиренцауер кој важеше за еден од главните фаворити за медал беше дури 11.ти со 253,3 бода.