Штрајк на француската контрола за летање

Во Франција во тек е штрајк на контролата за летање поради што на париските аеродроми Шарл Де Гол и Орли се откажани 20 отсто од летовите, соопштуваат од аеродромската служба.

„Нема големи промени во однос на превидените дирекции на цивилната авијација која најави и укинување на еден од пет летови главно во јужните делови на Франција, Шпанија, Португалија и Магреб“, дознава нефицијално „Франс прес“.

Авиокомпаниите предвреме ги информирале патниците за укинувањето на летовите.