Штрајк на германските железничари

Синдикатот на работниците во германската железница ГДЛ најави одржување на 3 часовен штрајк.

Синдикатот ГДЛ, кој претставува околу 37.000 машиновозачи, кондуктери и други работници во железничкиот сообраќај, соопшти дека штрајкот ќе почне во 16 часот и дека прво ќе биде прекинат товарниот сообраќај.

Синдикатот бара 5 отсто зголемување на платите за вработените, како и скусување на работната недела од 39 на 37 часа.