Штрајк на таксистите во неколку европски градови

Во неколку европски градови за денеска е најавен штрајк на таксистите кои се незадоволни поради конкуренцијата на што поголем т.н „ туристички возила со возачи“.

Штрајкови денеска ќе бидат одржани во Лондон, Рим, Берлин, Париз и другите поголеми градови во ЕУ. Штрајкот го иницираа британските таксисти кои работат веќе десетина години покрај таа конкуренција, но сега се незадоволни поради се поголемиот број на „туристички возила“ во европските метрополи.

Европските таксисти се посебно незадоволни што американското здружение „Абер“ го зголемил бројот на туристички возила во ЕУ и не секогаш ги почитува европските прописи.

Таксистите во Рим денеска ќе го наплатуваат возењето како и конкуренцијата со почетна цена од 10 евра.Таксистите  во Париз предвидуваат да тргнат од меѓународниот аеродром Шарл де Гол кој од градот е оддалечен 30 км и во поворка да се движат кон центарот на градот. Слично ќе биде во Лион, Марсеј и Ница.

Таксистите во Европа до скоро бе заштитени со закон, се додека на улица не беше дозволено да излезат и „туристички возила со возач“ чиишто услуги се поскапи од таксито.