Штрајк на вработените во болниците во Грција

Вработените во државните болници во Грција денеска ќе почнат 24-часовен штрајк во знак на протест поради системот за тестирање на државните службеници.

Заради штрајкот болниците ќе работат само со дежурни тимови и ќе укажуваат помош само на итни случаи.

Синдикатот на вработените во државните болници се изјасни против намалувањето на финансиите за државните здравствени организации и против приватизацијата на дел од болничките служби.