Колкав дебакл доживеа штрајкот на лидерот на СОНК Јаким Неделков се чини дека најдобро покажува информацијата дека штрајк нема ниту во неговото матично училиште, објави порталот Курир.
Штрајк нема ниту во матичното основно училиште на Јаким Неделков каде што тој предава, ОУ „Драга Стојанова“ во село Ракотинци, општина Сопиште. И таму наставата се реализира во целост и нема никаков прекин, како што е случајот и речиси во сите општини низ земјава, со исклучок на Куманово и Струмица, општини раководени од опозицијата.
Податокот дека има редовна настава во матичното училиште на Неделков, само потврдува за тоа какво фијаско доживува неговиот штрајк. Поголемиот дел од просветните работници сметаат дека Неделков ја изгубил поддршката од колегите. Зад Неделков застанаа само неколку наставниците од две општини кои се под контрола на опозициската партија и таа поддршка, коментираат членови на СОНК, има единствено политичка конотација.
Целосно пропадна идејата на Неделков за градење на лични позиции врз грбот на учениците, родителите и наставниците.