Штрајк во Атина поради продавањето на пристаништето Пиреа

Грчките пристанишни работници стапија во еднодневен штрајк во главниот град поради планот да се приватизира пристаништето Пиреа, пренесе АП.

Експертите оценуваат дека поради штрајкот ќе биде пореметен целиот поморски сообраќај во Грција.

Работниците најавиле дека ќе го окупираат центарот на Атина за време на седницата на Парламентот на која ќе се расправа околу продажбата на Пиреа.

Приватизацијата на државните фирми е клучен дел од договорот со земјите од Европската Унија за решавање на долгогодишната економска криза во Грција.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.