Штрајк во Брисел поради мерки за штедење во јавниот сектор

Штрајкот на работниците во јавниот сектор утрово речиси целосно го блокира сообраќајот во Брисел и неколку други белгиски градови, а училиштата и државните претпријатија се затворени.

Претставници на синдикатот, кои го организираа штрајкот поради намерата на белгиската Влада да воведе мерки за штедење во јавниот сектор, соопштија дека следниот месец ќе се одржи генерален штрајк доколку властите не се откажат од овие планови.

Авионскиот сообраќај засега не е погоден од штрајкот, но постои проблем со пристапот до аеродромите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.