Свет

Штрајк во лондонската Национална галерија против приватизацијата

Штрајк во лондонската Национална галерија против приватизацијата
Вработените во познатата лондонска Национална галерија стапија во втор штрајк, само три недели по првиот, оддржан на почетокот од месецот, објави МИА.
Штрајкот е организиран откако пропаднаа преговорите на синдикатите и вработените со британското Минстерство за култура околу планираната приватизација на галеријата.
Повеќе од 200 вработени водат силна кампања против планот на Владата, услужниот сектор, ангажиран во галеријата, да премине во рацете на приватна компанија.
Вработените и синдикатите тврдат дека галеријата „не е за продавање“.
Претставник на синдикатите изјави дека планираната приватизација „претставува ризик за тешко стекнатиот светски углед и репутација што ги има оваа најголема и најпозната британска галерија“.
Раководството на Национална галерија, меѓутоа, порача дека штрајкот е непотребен затоа што никој од вработените нема да го загуби своето работно место. Според раководството, со приватизацијата нема да има укинување на работни места и отпуштања од работа.
Галеријата најави дека платите на вработените ќе се зголемат и ќе бидат на просекот што е определен за Лондон.
Повеќе од 40 илјади потписи се соддржани во петицијата што е испратена до Министерството за култура, против планираната приватизација.
Сегашниот втор штрајк треба да трае пет дена и поради неговото оддржување се откажани приредбите што беа предвидени да се одржат овие денови.
Синдикатите најавија дека преговорите со владата ќе продолжат во текот на идната недела