Штрајк во најмалку 600 српски училишта од први септември

Вработените од најмалку 600 училишта во Србија од 1. септември ќе протестираат.

Унијата го закажа штрајот без претходно да разговара со надлежните министри.

– В понеделник ширум Србија ќе штрајкуваат сите 30.000 членови на Унијата, изјави претседателоит на Унијата на синдикати на просветните работници Драган Матијевиќ.

Тој наведе дека еден од главните барања е со ребалансот на буџетот да не се намалуваат платите на вработените во образованието и во здравството, Поради тоа Матијевиќ очекува на штрајкот да им се придружат и синдикатите од здравството и од социјалната заштита.

Синдикатот на образование на Србија не го поддржуваат штрајкот на 1. септември.