Македонија

Штрајкот е за лични амбиции во СОНК, наставниците сакаат социјален дијалог

Штрајкот е за лични амбиции во СОНК, наставниците сакаат социјален дијалог

Наместо идејата за генерален штрајк која е иницирана од тесното раководство на СОНК, заради задоволување на лични амбиции и цели преку задржување на сегашните функции, синдикалните организации од регионов, ја поддржуваат идејата за социјалниот дијалог низ кој и досега сме функционирале.

Ова го истакна Дарко Крстески, претседател на Синдикатот на ОУ „Христо Узунов“ од Другово, кој ги претставува просветните работници од тој регион.

-Со дијалог сме дискутирале и решавале бројни ситуации со извршната власт, во корист на сите просветни работници, а не во корист на мала група луѓе. Не велам дека состојбата во моментов е перфектна кога е во прашање статутот на просветните работници. Но, членството на нашиот синдикален огранок одлучи дека воопшто не е моментот да се организира штрајк за кој во јавноста се појавија бројни тези и тврдења околу вистинската негова намера и кои полека се потврдуваат, истакна Крстески.

Членовите на најголемите синдикални организации и одговорни просветни работници, во чиј што фокус секогаш се децата, велат дека нема да дозволат да трпи едукативниот и воспитно-образовен процес на 280.000 ученици.

Крстески вели дека децата и нивните семејства, во случај на голем штрајк, ќе бидат заложници на идејата на еден човек.