Свет

Штрајкот го намали угледот на „Луфханза“

Штрајкот го намали угледот на „Луфханза“

Директорот на „Луфтханза“, Кристоф Франц, чии пилоти стапија во тридневен штрајк, се надева дека од сабота ќе биде нормализиран сообраќајот и дека компанијата мошне брзо ќе постигне договор со пилотите.

„Луфтханза“ поради штрајкот кој што започна во средата морала да откаже 3.800 лета за три дена, со што беа погодени повеќе од 400.000 патници.

Франц рекол дека брзо ќе ги продолжи преговорите со синдикатот на пилотите Кокпит, околу платите и старосната граница за пензионирање, поради што и штрајкуваат пилотите.

Тој исто така, изразил загриженост поради штетата која и’ е нанесена на угледната компанија во контекст на силната конкуренција во воздушниот простор.