Македонија

Штрајкот на Неделков пропадна

Штрајкот на Неделков пропадна

Штрајк нема никаде, освен во Куманово и Струмица. За денес најавениот штрајк на СОНК доживува дебакл. Речиси во сите општини во државата штрајк нема.

Наставата се одвива редовно и се реализира наставната програма. Наставниците држат часови, учениците се присутни. Градинките редовно работат, дечињата се згрижени.

Во речиси сите општини наставата се одвива редовно, можеби два тројца наставници пред се од раководствата на СОНК се придржуваат кон штрајкот, но останатите над 99% од наставниците не го подрзаа штрајкот и ја држат наставата.

Според информациите од теренот штрајкот на наставниците се одржува само во Куманово и Струмица, каде што најголем дел од наставниците се присутни на работното место но не држат часови. Според законот доколку ваквата ситуација се одржи, за да се овозмози редовна настава и заштита на интересот на учениците, можат да се воведат заменски наставници. Според информациите листите со заменски наставници се спремни и тие се подготвени за да бидат воведени во наставата доколку има потреба.

Ваквиот развој на настаните и пропаѓањето на најавуваниот штрајк е фијаско за Јаким Неделков. На овој начин дополнително се нарушува неговиот кредибилитет во СОНК бидејки неговиот пристап не даде резултати. Членови на СОНК од цела Македонија изминативе денови истакнаа дека не го подржуваат штрајкот и дека тоа е лична агенда на Неделков во пресрет на изборите во СОНК од која немаат интерес наставниците ни учениците и родителите.

Од денешниот ден се гледа дека Неделков не доби подршка од наставниците, туку само од две општини кои се под контрола на опозициската партија и таа подршка има единствено политичка конотација.