Штрајкот на пилотите на Ер Франс, компанијата ќе ја чини околу 500 милиони евра

Двонеделниот штрајк на пилотите на француско-холандскиот авио превозник Ер Франс КЛМ предизвика пад во патничкиот сообраќај за 15,9 отсто и во товарниот за 17,7 отсто, а годишниот профит ќе се намали за околу 500 милиони евра, соопштија од таа компанија.

Според проценките на менаџментото на Ер Франс, оперaтивниот профит во третото тримесечје поради овој конфликт ќе биде помал за 320 до 350 милиони евра во однос на истиот квартал од 2013 година, кога вредеше 634 милиони евра, пренесува АФП.