Штрајкот на просветните работници е гарантиран со Устав и тоа право не им се прекршува

Апсолутно е невистина дека со последните законски измени,  се прекршува или пак се попречува правото на штрајк на просветните работници, кое што впрочем е и загарантирано со Уставот на Република Македонија, реагираат од Министерството за образование и наука.

„Актуелната извршна власт е единствената којашто воспоставила социјален дијалог и истиот континуирано го практикува и надградува, затоа што се работи за демократски и правен механизам преку кој досега се унапредувале и ќе продолжат да се унапредуваат правата на просветните работници, а со тоа и нивниот општествено – економски и социјален статус. Измените се донесени единствено во насока на одржување континуитет во воспитно образовниот процес и едукацијата на 280.000 ученици, коишто никако не треба да бидат заложници на идејата на една мала група на луѓе, чијашто несовесност упатува на кршење на правата на децата за образование. Тоа нема да дозволиме да се случи, затоа што децата и нивните најдобри интереси остануваат приоритет број еден во фокусот на нашите политики, се вели во реакцијатана МОН.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.