Македонија

Штрајкот на СОНК без поддршка и во Крушево

Штрајкот на СОНК без поддршка и во Крушево
Наставата од второто полугодие во двете основни и во гимназијата во Крушево ќе почне редовно на 20 јануари, изјави денеска градоначалникот на Крушево Ѓорѓи Дамчески, по одржаниот координативен состанок со директорите на образовните и на културните институции во градот.

– Во двете основни училишта „Никола Карев“ и „Кирил и Методиј“ и во гимназијата „Наум Наумоски Борче“ се е подготвено за почетокот на второто полугодие во вторник на 20 февруари. Обезбедени се сите услови, а на состанокот на основните организации на СОНК во училиштата, во градинката, во Домот на културата и во крушевските музеи е донесена одлука да не се поддржи најавениот генерален штрајк на СОНК. Нема никакви пречки за одржување на наставата од второто полугодие, изјави Дамчески.

 Во двете основни училишта и во гимназијата второто полугодие ќе почне за преку 1000 ученици.