Штрајкот во германската железница предизвика хаос

Најмасовниот штрајк во историјата на германските железници причини огромни нарушувања на сообраќајот во Германија.

Запирањето на работата на возачите од синдикатот GDL во 01 часот ги засегна возовите на долги растојанија и регионалните возови, како и железничката мрежа S-Bahn.

Штрајкот започна со товарните возови вчера, а денеска се опфатени и патничките возови. Тој треба да трае до понеделник наутро.

„Околу 30 отсто од регионалните возови и возовите S-Bahn се движат во западниот и северниот дел на земјата, околу 40 отсто во јужниот дел и меѓу 15 и 30 отсто во источниот“, прецизира компанијата.

Политичари и индустриски компании изразија загриженост од последиците од штрајкот, кое е најдолго во 20-годишната историја на „Дојче бан“.