Штурец голем како зајак во Штип

Штурец со големина на мал зајак е забележан во штипската викенд населба Суитлак , од страна на Кирил Панајотов, пренесува „Дневник“.

Па, се поставува прашањето дали се работи за мутант или нешто друго.

Чудниот инсект имал две пипалки на главата, целото тело му било во корупка, со правилни форми, а опашката му е долга околу 10 сантиметри и има изглед на одбрамбено оружје.

Ентимолот од Штипскиот универзитет, Душан Спасов вели дека не станува збор за мутиран штурец или скакулец, едноставно овој инсект е ендемски и го има на Нов Зеланд и Јужна Африка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.