Шукер: Со Северина си поминавме прекрасно во Бразил, таа е убава и однатре и однадвор

Претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Давор Шукер, изјави дека си поминал прекрасно во Бразил со хрватската ѕвезда Северина.Легендарниот фудбалер за српското списание „Стар“ изјави дека атрактивната пејачка го воодушевила.

„Северина е една од најубавите музички ѕвезди на овие простори! Убава е и од внатре и од надвор. Таа е прекрасна жена! Ја сакам нејзината музика, таа е врвна пејачка,“ изјави Шукер за српскиот Стар.

Во последните неколку месеци инаку балканските таблоиди шпекулираат дека Северина и Давор Шукер се во врска.

Атрактивната пејачка инаку како посебна гостинка на Шукер заедно со репрезетацијата на Хрватска отпатува на фудбалскиот Мундијал во Бразил.

„Ја повикав да дојде со нас. Се познаваме долги години. Првиот меч Бразил –Хрватска го гледавме заедно. Минавме убави денови во Бразил, одевме на ручеци, вечери во Сао Паоло и Рио,“ истакна тој.

Шукер, сепак, изјави дека не сака да дава детали за нивниот однос.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.