Балкан

Шулц: Ципрас е најсилниот премиер на Грција и ќе ги спроведе реформите

Шулц: Ципрас е најсилниот премиер на Грција и ќе ги спроведе реформите
Шулц: Ципрас е најсилниот премиер на Грција и ќе ги спроведе реформите

Претстедателот на Европскиот парламент Мартин Шулц вчера во рамки на гостувањето во германското ток шоу „Бренпункт“ изјави дека е уверен дека грчката влада ќе направи се што е потребно за да ги спроведе неопходните реформи, пренесува Грик рипортер.

– Нема смисла да го преземеме тој чекор сега и да разговараме за истите нешта како пред една година. Сите оние што го постигнаа договорот, а особено Атина имаат обврска да направат се што можат, нагласи Шулц.

Тој додаде дека договорот што грчкиот премиер Алексис Ципрас го добил во Брисел во неделата е полош од договорот што можел да го добие две недели претходно доколку го прифател предлогот на претседателот на Европската Комисија Жан – Клод Јункер.

Ципрас доби жестока лекција во европарламентот
Ципрас доби жестока лекција во европарламентот

Како и да е, забележа Шулц, Ципрас е најсилниот премиер на Грција во последните децении, во смисла на поддршката од народорт и може да ги спроведе реформите.

-Ако некој е во позиција да ги спроведе реформите, тогаш тоа е тој. Ако сега каже дека сака да ги спроведе реформите, тогаш верувам дека ќе го стори тоа, рече претседателот на Европарламентот.