Балкан

Шулц денеска ќе отпатува во Атина за да се сретне со Ципрас

Шулц денеска ќе отпатува во Атина за да се сретне со Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во Атина ќе се сретне со претседателот на ЕП, Мартин Шулц, пренесе Танјуг.

Инаку ова ќе биде прва посета од страна на претставниците на ЕУ од формирањето на новата влада во Грција.

Заедно со Шулц кој ведно беше првиот претставник на Брисел што му ја честита победата на Ципрас, во Атина ќе присуствува и претседателот на групата за финансии на еврозоната Јерун Дејселблум.

Пред посетата на Атина денеска се огласи и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, кој во интервју за францускиот весник „Фигаро“ рече дека неможе да стане збор за отпишување на грчкиот долг.

Тој порача дека има можност за договор, но дека суштински промени нема да има.