Шулц избран за претседател на Европскиот парламент

Мартин Шулц беше избран на денешната конститутивна сесија на Европскиот парламент во Стразбур за претседател на институцијата во наредните две и пол години.

Во изборот на претседател учествуваа 723 пратеници. Бараното апсолутно мнозинство составуваше 307 гласови, а Шулц беше поддржан од 409 пратеници. Останатите кандидати за функцијата беа Пабло Иглезијас (Европска обединета левица, Шпанија), Сајад Карим (Европски конзервативци и реформатори, Велика Британија) и Улрике Луначек (Зелени, Австрија).

При преземањето на функцијата Шулц истакна дека е првиот претседател на ЕП со втор мандат, откако беше на чело на институцијата во втората половина од мандатот на претходниот Парламент.