Шумахер е во кома и има тешки повреди на главата

Многу критична е здравствената состојба на поранешниот пилот во Формула 1 и седумкратен шампион во ова натпреварување, Михаел Шумахер, откако тој вчера паднал скијајќи на француските Алпи, јавува „Франс Прес“, повикувајќи се на информации од универзитетската болница Гренобал, пренесува Нетпрес.

„Шумахер беше примен во болница со тешка траума на главата и е во кома. Поради таквата ситуација тој веднаш беше опериран. Неговата здравствена состојба е тешка и крајно критична“, соопштила болницата.

Информацијата која ја објави француската болница е целосно спротивна од соопштението кое претходно го објави неговата служба за односи со јавноста, а според кое тој по падот наводно бил добро и бил свесен.

Последните информации велат дека Шумахер скијал заедно со својот четиринаесетгодишен син, но во еден момент се лизнал и паднал при тоа удирајќи со главата во камен, кој бил прекриен со снег.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.