Шумахер ќе прооди со чип во мозокот кој ќе му го вгради хрватски лекар

Михаил Шумахер ќе прооди со помош на чип во мозокот кој ќе му го вгради хрватски лекар.

Тимот лекари задолжени за Шумахер побарал контакт со хрватските лекари, двоецот неврохирурзи Дарко Чади и Ведран Делетис кои постигнуваат извонредни резултати со промена на длабока мозочна стимулација кај пациенти кои се во вегетативна или минимална состојба на свест.

Посебно посветено е внимание на тоа дека тој кај стотина пациенти има вградено стимулатор и ниту еднаш не направил ни најмала грешка иако станува збор за прецизна операција која бара исклучителна концентрација и внимание.

Лекарот засега не дава подетални информации за можноста да соработува со лекарскиот тим на Шумахер, потврдува само дека има расположение да го контактираат оттаму. На прашањето може ли да му помогне, тој кратко одговара, „можам – како не“.