Шумахер плаче кога ќе го слушне гласот на неговите деца

Помина една година откако познатиот возач на Формула 1 Михаел Шумахер ја доживеа трагедијата додека скијаше на француските Алпи. Здравствената состојба на големиот шампион кој се здоби со повреди на главата и повеќе месеци беше во кома и понатаму е доста сериозна.

Во јуни минатата година, Шумахер ја напушти болницата и беше префрлен во семејната куќа во Гланд Швајцарија, каде италијанскиот новинар Џорџо Теруци од „Кориере дела сера“ забележал неколку трогателни мигови.

– Шуми – плаче. Понекогаш дури и мистериозно. Плаче кога ќе го слушне гласот на неговите деца, кога ќе го чуе гласот на неговата сопруга, или кога ќе ги слушне неговите кучиња. Во тишината на собата каде е сместен, солзата се слева низ неговото испиено лице на секој звук што му е познат. Во сево ова можеме… можеме да видиме живот кој е сместен во таа капка, пишува Теруци.

Тој додава дека Шумахер ги препознава гласовите на неговата сопруга Корина, на ќерка му Џина Марија и синот Мика, и дека е „жив и разбира“ (што се случува околу него), што сведочи за тоа дека во тек е „долг и бавен напредок“ по несреќата на скијање и целата година во која делуваше, многу далеку.

фото: nbcnews.com