Шумахер почнал да се буди

Германски возач на Формула 1, Михаил Шумахер,  покажува знаци на будење и моменти на свесност, соопшти менаџерката на Михаил Шумахер, Сабина Кем. Таа додава дека семејството не сака да открива повеќе детали, но сите се оптимисти.

Шумахер е веќе три месеци во вештачка кома, откако при рекреативно скијање ја повреди главата.

Кон крајот на јануари, лекарите почнаа со процесот на постепено намалување на седативите со желба да го разбудат.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.