Балкан

Шумски пожар беснее на Пелопонез

Шумски пожар беснее на Пелопонез

Дваесетина противпожарни возила и околу педесетина пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот што денеска избувна на Пелопонез.

Пожарот избувнал рано изутринава, а ветровите го прошириле кон недостапни места.

Противпожарната служба на Грција денеска соопшти дека најкритични места во кои можат да избувнат пожари се јужните и југоисточните делови на Грција, со оглед на тоа што во другите делови се очекува дожд.