Спорт

Шундовски и Ангеловски шампиони на Романија

Шундовски и Ангеловски шампиони на Романија

Тимот на Констанца, во чии редови настапуват поранешниот македонски репрезентативец Бранислав Ангеловски, и поранешниот селекторот Звонко Шундовски, ја продолжи доминација во романскиот ракомет осигурувајќи ја шестата шампионска титула во низа.

Вопоследен меч Констанца беше поразена од составот на Бакау со 24:19, но овој пораз не остави подлабока трага поради фактот дека на Бакау му беше потребен триумф од најмалку девет погодоци разлика за да стигне до титулата.

Овој трофеј воедно значи и директно учество на Констанца во Лигата на шампионите следната сезона, откако овој тим лани не успеа да ги мине квалификациите за елитното европско натпреварување.