Македонија

Шурбевска: Сопственикот на „Екстра Меин“ требал да направи две анализи на влезна суровина и готово производ

Шурбевска: Сопственикот на „Екстра Меин“ требал да направи две анализи на влезна суровина и готово производ

Се извинувам на јавноста и на дечињата на сопственикот на „Екстра мејн“, заради мојата премногу емотивна реакција. Со денови доживувам неосновани напади. Би сакала сопственикот на „Екстра мејн“, кој е добар човек да разбере дека вакви работи се случуваат и за да се намали можноста, неговите вработени и тој лично, требало само да си го почитуваат HACCP системот, кој токму заради избегнување на вакви несреќи нашата држава инсистираше да се воведе кај сите кои произведуваат, продаваат или било како доаѓаат во контакт со храна, вели во својата повторна реакција д-р Флорентина Ристовска-Шурбевска, директор на Центарот за јавно здравје Велес.

Тој систем значи да се проценат сите можни критични точки и да се мисли на нив и постапува по правилата. Ако сопственикот си направел бактериолошки преглед на суровината, ако си следел точно процедурата на производство, и ако на крајот си направил проверка на готовиот производ пред да го пушти на пазарот,немало да му се случи вакво нешто, додава Шурбевска.

Една анализа за присуство на листерија во храна чини 720 денари. да си направел две анализи, на влезната суровина и на готовиот производ, да потрошел 1.420 денари, немаше да дојде до болеста, немаше да има смртни последици и на крајот немаше и тој самиот да сноси последици.