Шурбевска: Зошто „Екстамеин“ се обраќа до мене?

Зошто „Екстра мејн“ се обраќа до мене. Мострата ја земал Државен санитарен и здравствен инспекторат. во Велес е стигната со интерно пропратно писмо.Да ,заведена е покасно,тоа си стои во документот, од објективни причини, на обвинителството е да цени и разгледува докази, вели во својата реакција Флорентина Ристовска Шурбевска, директор на Центарот за јавно здравје Велес.

Како тоа дури сега се сетивте вие од „Екстра мејн“ да проверите дека сте немале во тој маркет ваши производи. Не сакам да полемизирам, ама доколку јас бев сопственик, прво што ќе проверев е тоа. Имам и јас прашања до сопственикот. Нека одговори тој на новинарите, кога веќе ме прашува јавно, каде заврши вратената роба од промет? Дали беше ставена под 24 часовен надзор? Дали постои записник што се е вратено, кој производи ,која количина, од кои маркети, кои лотови? Дали некој манипулирал со неа? Колку може да се верува дека испитувањата што се направени во факултетот за ветеринарна медицина се токму од истиот лот? Колку е тешко на машината да се отпечати ново ливче и да се залепи и прикажете дека е од таа серија,посебно ако кај вас е се? На мислење сум дека во паниката што ве има фатено ќе направите уште неколку кривични дела, како на пример фалсификување на деловна документација. Уште едно прашање, дали ќе ризикувате, примерокот што го чувам за суперанализа , да го поделиме на пола. пола да оди на натамошно испитување, а половината да го дадете на вашите деца да го изедат. Би сакала да ви помогнам. Лично бев во вашата фабрика, знам дека немате внатре фарма на листерии, бактеријата влегла кај вас со суровина и или не сте ја уништиле со технолошкиот процес, некаде вашите работници згрешиле, или бактеријата е посебно отпорна, вели во својата реакција.

На крајот таа додава, зошто не побарате испитувања на отпорноста на бактеријата, што би ве ослободило од одговорност, ами уште подлабоко заглавувате со неосновани обвинувања,фалсификувања и инсинуации.маку фали уште и да ме обвините дека јас дома имам фарма на листерии па намерно сум ви ги подметнала. До каде мислите да одите со овие обраќања.Уште еднаш ќе изјавам дека не треба да се шпекулира,ами да се остават институциите на раат да си ја работат својата работа.