Бразил2014

Шваинштајгер: Сколари е главното оружје на Бразил

Шваинштајгер: Сколари е главното оружје на Бразил

Репрезентативецот на Германија, Себастијан Шваинштајгер е убеден дека селекторот на Бразил, Луис Филипе Сколари ќе биде главното оружје на домаќинот и во утрешниот полуфинален дуел кој ќе биде одигран во Бело Хоризонте со почеток во 22:00 часот.

“За нас е чест што ќе се сретнеме со домаќинот на мундијалот, но воедно и голема обврска бидејќи сакаме да дадеме се од себе најпрвин да стигнеме до финалето, а потоа и да се закитиме со трофејот. Можам да кажам дека е прекрасно да се игра на атмосферата во бразилските стадиони, иако ни е јасно дека овојпат скоро сите присутни на стадионот ќе бидат против нас. Сепак, тоа ќе биде само мотив повеќе за да се прикажеме во што подобро светло. Бразил не е она што беше порано, кога „кариоките“ играа магичен фудбал и освојуваа трофеи. Сега згора на тоа го немаат ниту Нејмар, па очекувам тврд меч во кој домаќинот ќе игра на резултат. Најмногу стравуваме од нивниот селектор Луис Фелипе Сколари, кој има значително искуство на големите натпреварувања, па сигурно ќе знае како да ја постави играта на Бразил, но и да ги мотивира домашните фудбалери“, изјави фудбалерот на Баерн (М).