Шваинштајгер во Манчестер Јунајтед за 18 мил. фунти

Близок извор до таборот на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед потврди дека пред неколку дена клупските челници имале телефонски разговор со раководните лица на старо-новиот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), од кои добиле информација дека сега е вистинскиот момент да се осигураат услугите на одличниот играч за врска, Себастијан Шваинштајгер.

„Ако остане на “Алианс Арена”, Шваини ќе има многу мала минутажа. Пеп во новата клупска сезона ќе го форсира Тиаго Алкантара и Хави Мартинез. Шпанците ќе добијат предност пред Германецот. За мир во куќата, Баерн (М) е подготвен да седне на преговарачката маса. Челниците на Манчестер Јунајтед се веќе информирани дека ќе го Себастијан ако испратат официјална понуда не помала од 18 мил. фунти”, изјави анонимниот извор.