Швајцарците ќе гласаат за највисока минимална плата во светот

Денеска Швајцарците ќе гласаат за предлогот работниците да добиваат најмалку 22 швајцарски франци, односно 18 евра по час, што би била највисока минимална плата во светот.

Тоа би значело дека работниците ќе треба месечно да добијат плата не помала од 4.000 франци (3.200 евра) месечно.

На референдумот Швајцарците ќе се изјаснат и за поддршка за договор за купување борбени авиони од Шведска и за предлогот осудени педофили да не може да работат со деца.