Швајцарците на референдум за намалување на имигрантите

Во Швајцарија овој викенд ќе се одржи уште еден круг од гласањето, на кое граѓаните треба да се изјаснат околу прашањето за намалување на бројот на имигрантите.

Иницијативата има за цел да го ограничи бројот на имигрантите, азилантите и бегалците, кој драстично се зголеми во оваа држава, додека противниците на предлогот сметаат дека е ксенофобичен.

Гласачите во февруари оваа година прифатија квотите за имигранти од Европската унија да останат непроменети, што ги влоши односите на Швајцарија со државите, кои не се членки на Унијата.

Досега како главни причини за заострување на имигрантската политка се наведуваа зачувувањето на културата и вработувањето, а сега првпат барањето за намалување на бројот на имигрантите ќе биде оправдано и со нивното влијание врз животната средина.

Екопоп иницијативата смета дека моменталниот прилив на странци ја оптоварува државата и ги намалува нејзините идилични предели и зеленилото.

– Порастот на популацијата во Швајцарија е поголем од кога и да е и тоа ја нарушува околината, изјави членот на Екопоп, Анита Месер.

Според официјалните статистички податоци странците сочинуваат една четвртина од населението на Швајцарија.