Швајцарија брка убедлива победа

Не само што имаат обврска да слават во последниот дуел од групната фаза, репрезентативците на Швајцарија имаат обврска да извојуваат победа во дуелот против селекцијата на Хондурас со што е можно поголема гол разлика.

Само со убедлива победа, избраниците на Отмар Хицфилд ќе обезбедат пласман во 1/8 финалната рунда каде за противник ќе го имаат првопласираниот од групата “Ф”, репрезентацијата на Аргентина.

„Не смееме во ниту еден момент да го потцениме противникот. Хондурас заслужува максимален респект. Ако го наметнеме нашиот стил на игра, ако го нападнеме противникот од сите страни, тогаш бодовите сигурно ќе завршат на нашето конто. Мора со ладни глави да го започнеме овој натпревар. Точно дека имаме потреба од победа со неколку гола разлика, но нема место за паника. Ако одиграме интелегентно, сконцентрирано, тогаш сигурно ќе обезбедиме пласман во следната рунда”, изјави селектор на Швајцарија, Отмар Хицфилд.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.