Швајцарија на колена пред моќната Франција

Дерби натпреварот од второто коло во групата “Е”, дуелот помеѓу директните ривали за првата позиција, репрезентациите на Франција и Швајцарија, заврши со убедлив триумф на “Галските Петли” од 5:2.

Натпреварот во Слвадор е најефикасниот кој до сега е одигран на јубилејното 20. Светско првенство во Бразил.

Франција веќе на полувремето имаше убедлива предност од три гола разлика, а погодоците беа дело на Оливие Жирул, Бласие Матуиди и Метју Валбуена. Иако промаши удар од белата точка во првото полувреме, Карим Бензема во продолжението се запиша во листата на стрелци, а последниот погодок за “триколорите” беше дело на одличниот играч за врска, Муса Сисоко.

Убедливиот и заслужен пораз, репрезентацијата на Швајцарија го ублажи во самиот финиш од натпреварот со погодоците на Блерим Џемаили и Гранит Хака.

Франција е на само пола чекор од посакуваниот пласман во 1/8 финалната рунда, додека Швајцарија во последното коло од групната фаза мора да забележи триумф во дуелот против селекцијата на Хондурас.