Швајцарска донација за Прилеп, стадионите осветлени, училиштата модерни

Во О.У. „ Гоце Делчев“ во Прилеп во тек е средувањето на спортската сала и поставувањето на новиот изолиран ПВЦ под кој е донација од општина Лозано од Швајцарија од спортскиот центар и е во вредност од 25 илјади евра.

Оваа донација заедно со стотината рефлектори што пристигнаа и се наменети за градските стадиони ја овозможи Веселин Степаноски наш иселеник во Швајцарија.

Тој при посетата на градоначалникот Марјан Ристески на Лозано договори повеќе донации со кои ќе може да се обноват повеќето спортски сали во нашите училишта и воопшто да се донира во спортот како форма потребна за развој на здрава психофизичка младина.

Градоначалникот Ристески заблагодарувајќи му се на Степаноски за досегашните донации изјави дека наскоро се очекува да пристигне и новиот спортски балон сала која ќе биде вистинска атракција и можност повеќе за се поголемиот број на спортски рекреативци кои сакаат во слободното време здраво да се изградуваат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.