Швајцарски експерти ќе советуваат 10 домашни компании

Влада ќе ангажира странски експерти со меѓународно реноме, кои со своето знаење ќе им помагаат на домашните компании. За вакви советодавни услуги веќе е остварена соработка со Швајцарија.

„Идејата е да се подобри квалитетот на производите и процесите и како крајна цел имаме обезбедување на раст на компаниите и создавање на повеќе работни места. Оваа иницијатива дојде како идеја од Владата на Република Македонија, со која тесно соработуваме. Инаку од минатата година економскиот развој е еден од нашите фокуси во Македонија и во следниот период ќе поддржиме проекти кои што имаат за цел развој на приватниот сектор во износ од околу 12.000 милиони швајцарски франци. Истовремено, Швајцарија ја продолжува својата долгогодишна соработка со Македонија во другите области во кои работиме“, истакна швајцарскиот амбасадор во Македонија Стефано Лазарото.

Камел Солар е една од десетте компании кои ќе бидат советувани од странски експерт во делот на маркетингот. оваа  компанија, која произведува високо квалитетни сончеви термални колектори, користејќи современа технологија, Швајцарија ќе има поддршка и во останати девет компании од областа на текстил, како и преработка на храна.

„За нас е важно да бидеме присутни во компании во кои има потенцијал за раст и зголемување на бројот на работни места. Многу е важно и што денес сме во компанија која се занимава со една релативно нова област, односно работи на обновлива енергија и со тоа ние би можеле да придонесеме уште повеќе за почиста животна средина“, додаде Лазарото.

Од компанијата Камел Солар ги охрабрија сите компании да аплицираат за типот на експертиза кој е потребен во нивната компанија.

3500Sequence-02.Still004

„За овој проект дознавме преку веб-страницата на Владата и медиумите и аплициравме. Набрзо потоа бевме известени дека нашата апликација е одобрена и дека ќе бидеме дел од реализацијата на овој проект, за што сме исклучително благодарни, бидејќи ова е многу исклучително искуство за Камел солар“, истакна претставникот на компанијата Камел Солар, Надица Николиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.