Швајнштајгер ја откачи Ана Ивановиќ

Фудбалерот на Баерн, Бастијан Швајнштајгер повеќе не е во врска со српската тенисерка Ана Ивановиќ, бидејќи се смири со поранешната девојка Сара Брандер.

Швајнштајгер беше во врска во Ивановиќ скоро два месеци, но викендов тој се одлучи да и се врати на старата љубов.

Смирувањето меѓу Бастијан и Сара се случило во Минхен со романтична вечера. Германските медиуми тврдат дека Швајнштајгер се покајал и дека Сара има постојано место во неговото срце.

Швајнштајгер во саботата вечерта по натпреварот меѓу Баерн и Штутгард во хотелот се видел со Сара, а по романтичната ноќ помината заедно, тие двајца се повторно заедно.

Инаку, Бастијан и Сара беа во врска седум години.

Ивановиќ во моментов игра турнир во Токио. Германските медиуми пред неколку дена објавија слика од Швајнштајгер и Ивановиќ како се држат за раце додека се шетаат во Њујорк.