Спорт

Швајнштајгер нов капитен на Германија

Швајнштајгер нов капитен на Германија

Фудбалерот на Баерн Минхен Бастијан Швајнштајгер ќе биде предводник на репрезентацијата на Германија.

„Бастијан ќе биде одличен и достоен капитен на репрезентацијата на Германија“, вели селекторот на светскиот фудбалски шампион, Јоаким Лев.

Искусниот Швајнштајгер честа ја заслужи од колегата од клубот Филип Лам, кој со успехот на Мундијалот во Бразил, се пензионираше од националниот состав.

„Бастијан е врвен предводник, презема одговорност за репрезентацијата, на теренот и надвор. Може да се пофали со мојата и со довербата на челниците од Сојузот“, додава Чев за медиумите од Германија.

„Тој ги обединува фудбалерите, без оглед на возраста и клубот за кој што настапуваат. Тој е тика кога е најпотребен“, истакна селекторот.

Швајнштајгер дебитирал за Германија во 2004-та година и досега на 108 настапи успеал да постигне и 23 погодоци.

Ќе го предводи тимот во квалификациите за Европското фудбалско првенство во Франција, во кои ќе тргнат со дуелот против Шкотска во Дортмунд.

Како загревање, во Дизелдорф навивачите ќе уживаат во репризата на дуелот за наслов од Светското фудбалско првенство, во кој што Германија со 1:0 ја победи Аргентина.