Швалерка на бивш српски министер изнесувала милиони од земјата

Снежана Зековиќ, шеф на кабинетот на Милутин Мркоњиќ, во времето кога тој бил министер за инфраструктура на Србија (2008-2011) и негова блиска пријателка, во повеќе наврати додека била службеник на српската Влада, патувала за Дубаи, за да пренесе милиони динари готовина, пишува денеска српскиот весник „Курир“, пренесува Нетпрес.

Повикувајќи се на сопствени неименувани извори од Министерството за внатрешни работи, весникот објавува дека Зековиќ, „или како што Мркоњиќ милуваше да ја вика Ангелу“, секогаш заминувала за Дубаи со авионски летови во ноќните часови. Таа секогаш со себе носела торба полна со пари. Според „Курир“, српските полицајци неколкупати ја спречиле да отпатува од земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.