Шварценберг: Путин постапува како Хитлер

Поранешниот министер за надворешни работи на Чешка, Карел Шварценберг, изјавил дека „рускиот претседател Владимир Путин постапува според принципите на Хитлер“.

„Кога Хитлер сакал ’Аншлус’ Австрија, тој рекол дека Германците се тепани во Австрија. Кога планирал отцепување на делови на Чехословачка тој тврдел дека таму Германците се нападнати. Така беше и со Полска. Тоа што сега се случува на Крим е повторување на историјата. Путин постапува по истите принципи како и Хитлер“, рекол тој во интервју на виенскиот весник „Естерајх“.

Според него, Путин само побара изговор за инвазија на Крим, па поради тоа соопшти дека Русите се угнетувани, иако на нив не им „фалело ниту влакно од косата“ и живееле без никакви проблеми, дури ниту сенките не им биле допрени.

„Путин постојано вели дека распаѓањето на Советскиот сојуз бил најголема геополитичка катастрофа на 20-от век, што е храбро споредување. Тој порасна во Советскиот сојуз, кој што го одбележи. За него овој Сојуз бил најголема светска сила“, рекол тој.